„Ти благодарам што секогаш си тука за мене“: Агнеса Органџиева со емотивна порака за роденденот на нејзината мајка
Агнеса Органџиева редовно со следбениците споделува дел од нејзиното секојдневие. Овој пат инфлуенсерката со емотивна честитка и огромен букет цвеќе на нејзината мајка Гордана ѝ го честитшаше 71-виот роденден.
Никој не би рекол дека мајката на Агнеса е во осмата деценија од животот, таа изгледа навистина одлично, а според фотографијата која ја сподели Органџиева очигледно таа убавината ја наследила од неа.
„Среќен роденден драга мамо! Ти благодарам што секогаш си тука за мене, Најдобра си! Ти посакувам ден полн со љубов и радости. Наздравје за уште многу заеднички години со насмевки и забава.Те сакам до месечината и назад“, напиша инфлуенсерката.
За оваа убава пригода Агнеса се одлучила да носи тесен жолт фустан кој ја следи линијата на нејзиното тело и ја истакнува нејзината тенка половина. Додека славеничката носи фустан во сино-бела боја со цвеќиња. Двете дами изгледаат одлично.
Фото: Инстаграм
Р.Ж.М.