„Ти благодарам за музиката и текстовите, низ нив ќе живееш вечно“: Џамбазов, Ламбе, Ивона Јо и други наши познати се збогуваа со легендата Бора Чорба
Денес, 04 септември во вечноста на легендите замина Бора Чорба.
Легендарниот Бора почина по тешко боледување, а веста за неговата смрт ја потврдија од „Рибљa чорба“ кои на социјалните мрежи напишаа:
„Почитувани пријатели, со тага ве известуваме дека нашиот пријател и брат, Борисав Бора Ѓорѓевиќ не‘ напушти. Почивај во мир драг наш Боки“.
Последните денови од животот ги помина во Клиничкиот болнички центар во Љубљана, каде што беше хоспитализиран по тешка пневмонија.
Тој беше миленик на многу генерации, а и голем пријател и човек. Беше близок со многу познати македонци, а многу од нив преку социјалните мрежи се збогуваа со него објавувајќи негови песни или со емотивни пораки.
„Нека ти е лесна земјата. Јас ти кажав збогум овој настап. Го чувствував длабоко нашето збогување. Ти благодарам за музиката. Ти благодарам за текстовите. Ќе живееш низ нив вечно“, напиша пејачката Ивона Јо.
А со стих од негова песна се прости и Џамбазов: „Збогум пријателе... Равнодушан према плачу и конечно сасвим сам“.Со легендата се збогуваа и Ламбе Алабаковски, Тамара Тодевска, Мики Црнокрак, Боки 13, Тамара Волчевска и многу други.
Бора е роден во 1952 година во Чачак, а во поранешна Југославија. Тој остави голем белег на српската. но и Блаканската јавна сцена како рок-музичар и поет, а извесно време беше активен и на политичката сцена.
Фото: Инстаграм - Стори/Женски магазин - Вангел Тануровски
Р. Ж. М.