Ти да не беше немаше да ме има ни мене: Тамара емотивно за сестра си Тијана
Тамара и Тијана се двете најпознати сестри пејачки кај нас. Свои, успешни, остварени сопруги и мајка, иако едната во Скопје, а другата во Белград, тие се секогаш тука една за друга.
Така Тамара за роденденот на својата сестра Тијана сподели фотографии и напиша емотивен опис.
„Ти да не беше немаше да ме има ни мене. Мој прв идол и узор. Моја најдобра другарка и најголема поддршка. Те сакам сесре. Бескрајно. Среќен роденден. Да победиш на Беовизија, да идеме пак на Евровизија. Биди здрава, среќна, сакана и успешна.“
Тијана на тоа возврати: „Те сакам мори брее. Едвај чекам да те гушнам, ЕД ВАЈ!“
Тијана Дапчевиќ често ја раскажува приказната дека кога била мала, од родителите побарала да има жива кукла, и да се вика Тамара. Желбата ѝ се исполнила кога имала десет години, тогаш се родила нејзината сестра, Тамара Тодевска.