„Ти си нашиот дар од Бога!“: Посинокот на Марија Микиќ на необичен и прекрасен начин го откри полот на бебето
Убавата пејачка Марија Микиќ, која се породи пред само три месеци, на своите фанови им откри каков пол ќе биде нејзиното ново бебе
Марија Микиќ и нејзиниот животен сопатник Јован Пантиќ неодамна ја информираа јавноста дека повторно ќе станат родители, а тоа се случи само нешто повеќе од три месеци откако ја добија ќерката Ѓурѓа.
Очигледно е дека љубовта меѓу Марија и Јован е навистина голема, бидејќи, иако сè уште се тазе родители, продолжија интензивно да работат на проширување на семејството.
Тие сега решија да им откријат на фановите дали ќе добијат момче или девојче. И тоа го направија на необичен, но и необично убав начин.
Тие направија семејно видео, во кое беа Марија, Јован, ќерката Ѓурѓа, како и синот на Јован од првиот брак.
Сите симболично се облекоа во бело, а просторијата во која го снимаа видеото ја исполнија со сини и розови балони.
Розовите балони „навиваа“ за уште едно девојќе, а сините, логично, за момче. И тука имаше и еден голем црн балон со прашалници.
Тој балон го криеше полот на новороденчето, а синот на Јован од првиот брак ја имаше честа да го пукне и да дознае дали ќе добие сестричка или братче. Кога пукна големиот црн балон, излетааа голем број помали сини балони, што симболизираше дека среќната двојка овој пат очекува син.
- Ти си наш дар од Бога. Едвај чекаме да те запознаеме! Јован, мајсторе мој! Те сакаме најмногу во целиот свет тато! За сè што доаѓа – напиша Марија во описот на видеото, на кое добија многу честитки од пријателите и колегите.
Извор: glossy.espreso.co.rs