Тие беа најслаткиот пар во Југославија: Бејби Дол со емотивни зборови се прости од Масимо Савиќ

Добивај вести на Viber

Целиот регион остана во неверување по веста за смртта на Масимо Савиќ, бидејќи во интервјуа пред само неколку месеци тој кажа дека е здрав и дека лекарите се изненадени од неговата здравствена состојба.

Сега сите негови пријатели и соработници се збогуваат со него, а меѓу нив и српската поранешна пејачка Бејби Дол со која пејачот бил во врска кога биле млади.

- Ме затекна оваа вест. Масимо беше голем човек и уметник. Ќе го паметам само по добро. Не знаев дека е болен. Тажна сум. Сочувство до семејството – изјави пејачката за Курир.

Бејби Дол и Масимо важеа за еден од најслатките парови во Југославија.

Двојката се запознала во авион, а Бејби открила дека тогаш немала симпатии кон Масимо.

- Само што се вратив од Египет и бев во авион кога луѓето ми пријдоа да ме запознаат со Масимо Савиќ. Тој беше пристоен, се сеќавам дека го измеркав, но, за не навредам никого, мислев дека е геј – се присети еднаш пејачката.

Нивната романса започна дури подоцна бидејќи Масимо беше многу упорен и еднаш ја пречека Бејби Дол на аеродромот со цвеќиња.

- Во еден момент престана целата комуникација со Бејби Дол, животите продолжуваат и тоа е тоа – изјави Масимо еднаш.

Тие двајца беа многу хармоничен пар, иако можеби е тешко да се поверува. Бејби Дол секогаш нагласуваше дека ја запознала неговата мајка и дека многу ја сака.

Тие на крајот се разделија, а причината никогаш не беше целосно откриена, но во една прилики Бејби Дол откри:

- Не можевме да се договориме каде ќе бидеме. Дали во Истра, Загреб или Белград.

Бејби подоцна се омажи за Алекса Тодоровиќ, додека Масимо се ожени со Ени Кондиќ со која беше 30 години во брак и со неа ја има ќерката Мирна.

Бејби Дол е во среќен брак 7 години: Проширување на семејството за неа е болна тема, а ова е нејзината љубовна приказна

Ѝ зел мерка за прстенот додека таа спиела, 30 години беа во среќен брак: Љубовната приказна на Масимо Савиќ и Ени Кондиќ

извор:GLOSSY