Ѝ зел мерка за прстенот додека таа спиела, 30 години беа во среќен брак: Љубовната приказна на Масимо Савиќ и Ени Кондиќ

Добивај вести на Viber

Тажната вест за смртта на Масимо Савиќ кој ненадејно почина вчера ја потврди неговата сопруга во емотивна објава.

Масимо и Ени беа заедно 30 години и важеа за еден од најстабилните парови на регионалната сцена.

Масимо Савиќ и Ени Кондиќ се запознале во 1980-тите во куќата на аранжерот Крешимир Клеменчиќ, кој тогаш работел со Јосипа Лисац.

Пејачот рекол дека кога ја видел својата идна сопруга помислил дека таа е премногу паметна и престрога за него, и му се чинело дека е надвор од неговата лига.

Ени Кондиќ е автор на многубројни песни, меѓу кои песните „Јутро“ и „Богиња“ кои ги напиша за Јосипа Лисац. Не е тајна дека напишала бројни песни и за својот сопруг.

Анегдотата за предлогот за брак на Ени, Масимо ја прераскажуваше со години. Имено, пејачот зел мерка за прстенот додека таа спиела, отишол во град и купил веренички прстен.

Кога се вратил дома, клекнал пред неа и ја замолил да му биде сопруга.

Остатокот е историја и заедно беа 30 години во хармоничен брак.

На прашањето кој е рецептот за среќен брак, Масимо едноставно објасни:

- Треба да се биде господин, да се следи моралот и човекот треба да биде човек, а не животно.


Масимо имаше само пофални зборови за својата сопруга, дури еднаш искоментира што би направил доколку неговиот брак не биде успешен.

- Не можам да замислам да имам љубовница и да морам да кријам нешто од Ени, да размислувам што ако некој ми се јави на мобилен и Ени да види. Во Ени најдов жена, и мајка на нашата Мирна, и личност со која можам да разговарам за се што е поврзано со мојата работа – изјави претходно пејачот.

„Не може да се случи жена ми да излезе од дома без јас да ја бакнам. Не може да се случи. Трчам по неа ако не го направам тоа“, изјави тој за списанието "Hello" пред неколку години.

Масимо и Ена ја имаат ќерката Мирна, а тој често знаеше да каже дека пред да ја запознае сопругата, тој бил „идиот“, но и дека благодарение на семејството го надминал порокот.

Која е Мирна Савиќ - единствената ќерка на Масимо - поради неа тој ја остави дрогата(ФОТО)

„Некои денови и датуми во годината се посебни. Всушност, кога имаш посебна личност со себе, секој ден е таков“, напиша еднаш пејачот на својот профил на Инстаграм под фотографија со сопругата.


Ја нарекуваат тивок убиец: Ова се симптомите на болеста од која почина Масимо Савиќ

извор:GLOSSY