ТИЈАНА: Не знам дали ќе ми се случи второ дете

Добивај вести на Viber

Македонската пејачка Тијана Дапчевиќ беше искрена во интервју за српскиот портал „Блиц“. 

Тијана, која ја гледаме како Ула во серијата „Преспав“, во интервјуто изјави дека семејството ѝ е најважно. 

„ Второ дете не се планира. Кога ќе се случи, ќе се случи, ако се случи. Сестра ми очекува второ дете, ќе роди машко“, изјави Тијана која е мајка на Вук и тетка на Хана, ќерката на Тамара. 

„Јас серијата ја снимам еден месец, а другите 11 месеци сум посветена на семејството“, додала Тијана. Во претходно интервју за српско „Стори“, Тијана има изјавено дека веќе имала еден спонтан абортус.