Тоа беше најспектакуларната свадба во Србија: Еве како изгледала венчавката на Карлеуша и Тошиќ
Крај на некогаш прекрасна љубовна приказна...
Јелена Карлеуша, познатата српска пејачка, викендов на својот Инстаграм профил објави вест која шокираше многумина - таа по 16 години заеднички живот и официјално се разведе од сопругот, фудбалерот Душко Тошиќ. Оваа вест предизвика големо внимание во јавноста, со оглед на тоа дека двајцата беа еден од најпознатите парови на јавната сцена.
- На Душко му дадов безброј нови шанси. Не сум сигурна дека тој би бил подготвен за истиот тест за издржливост. Ние жените сме многу потолерантни и поголеми будали – изјави таа претходно по повод годишнината од бракот.
Свадба од бајките која се прераскажуваше со месеци
Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ ја крунисаа својата љубов на 28 јуни 2008 година на спектакуларна свадба која беше како нешто од бајка. Венчавката се одржа во луксузен хотел во Ковилов, а Јелена иако беше во седмиот месец од бременоста, изгледаше беспрекорно во венчаницата. Младенците се потрудија секој детаљ да биде совршен, од декорацијата и музиката до богатата трпеза која сите ги остави без здив.
Таткото на Јелена ја одведе својата ќерка до олтарот под звуците на песната „Погледни во темнина“ од Сергеј Ќетковиќ, додека Јелена емотивна и расплакана му пријде на Душко. Првиот танц на младата двојка беше најромантичното нешто што многумина го виделе, а атмосферата на венчавката беше полна со радосни емоции.
Емотивни моменти на свадбата
Јелена за време на венчавката се фати за микрофонот и ја испеа „Зајди, зајди“, што го воодушеви нејзиниот сопруг, а Душко возврати со емоции пеејќи го текстот на песната „Girls love diamonds“, која за неа ја напиша Марина Туцаковиќ. После тоа, следеше неочекуван момент кога Душко заедно со останатите гости скокна во базенот, со што беше зачинета оваа и онака спектакуларна свадба.
Крај на една љубовна приказна
Иако денеска ставија точка на бракот, останува фактот дека нивната венчавка остана запаметена како една од најголемите и најлуксузните во домашната јавност. Овој раскин предизвика бројни реакции и шпекулации, но засега нема официјални коментари ниту од Јелена Карлеуша, ниту од Душко Тошиќ за причините кои довеле до ваквата одлука.
FOTO: Instagram