„Тоа ми беше најтажниот ден во кариерата“: Калиопи за несреќата што се случи на нејзиниот концерт во Белград

Добивај вести на Viber

„Ми требаше време да го преболам тоа“, откри пејачката

 Македонската пејачка Калопи неодамна се потсети на еден немил настан кој се случи за време на концертот во Белград, каде е чест гостин.

- Ми требаше време да се справам со тоа. Потребно е време да собереме сили за да надминеме одредени моменти кога ни е многу тешко. Тоа беше многу тежок момент за сите нас. Тоа беше најтажниот ден во мојата кариера. Што и да преживее човекот сфаќа дека животот има многу голема вредност, но е и многу суров.Се што кажувам, кажувам преку музиката и преку моите песни, таму се пишува, а допрва ќе се пишува, изјаила Калиопи.

Таа ја откри и тајната на нејзиниот долгогодишен успех.

- Тајната е во тоа што секогаш се држам до себе, секогаш се држам до она што сакам да го правам, секогаш се држам до она во што верувам. Пред се и должам на музиката и секако кога публиката Имам многу добар тим и најважно е што го сакам тоа што го работам. Верувам дека мојот живот требаше да биде таков каков што е и тоа е она што ме одржуваше толку долго - рече Калиопи.