„Тоа се навистина убави моменти“: Здравко Чолиќ проговори за градниците кои му ги фрлаат на сцена додека настапува (ФОТО)
Тој се уште ја носи „титулата“ - миленик на понежниот пол
Здравко Чолиќ - Чола неодамна имаше настап во познат клуб на црногорското приморје. За сето време, секако, го имаше целосното внимание од своите обожаватели, особено на жените, чиј миленик е до ден-денес, без разлика што долго време е во среќен брак.
За време на неговите настапи често му фрлаат по неколку градници на бина, а на тоа прашање пејачот објаснил дека тоа се убави моменти, но сепак не би го прекинал настапот поради тоа.
„Тоа се случува често! Тој градник обично му го давам на мојот тапанар. Тоа е убава случка, момент. Тоа е нечија емоција и убаво е кога ќе ја почувствуваш. Не дај Боже поради тоа да го прекинам концертот - изјави Чола за српски Телеграф.
Инаку Здравко Чолиќ се уште заслужено ја носи титулата миленик на понежниот пол, и изгледа одлично и во 8-та деценија од животот!
Фото:screenshot/youtube