Тој никогаш не ја удри, навистина никогаш! Но душата и беше цела со лузни

Никогаш не ја удрил за да се види. Всушност, тој никогаш не кренал рака кон неа. Но, нејзината душа беше целата во модринки.


Тие важеа за совршен пар. Хармоничен. Тој е секогаш зборлив, духовит и мудар. Таа - насмеана и тивка, освен кога треба да се смее погласно за да ги поддржи неговите шеги. Со текот на времето видов дека не ѝ е се смешно. Во нејзината речиси насилна смеа препознав дека нешто во тој совршен свет не е „на свое место“. Тие беа далеку од хармонија.

Но, која сум јас да судам и мислам „однадвор“? Затоа престанав да им обрнувам внимание и на двајцата на честите пријателски собири. Се додека не ја сретнав случајно еднаш во продавница. Стоеше и гледаше во големиот избор на месни производи, исправена, а сепак некако свиткана и згрчена. Таа климна со главата на мојот поздрав и само катко ја видов. Неа. Каква е таа без него. Она што тој го направи од неа, а не она што таа навистина е. Во тој поглед, ги видов сите нејзини модринки, сите ручеци кои не беа доволно солени, кошулите недоволно испеглани, чевлите недоволно исчистени, децата недоволно добри, идеите недоволно оригинални, колковите што се движат недоволно брзо во креветот, бањата која е недоволно исчистена, месото недоволно динстано...

- Еј, здраво. Еве, избирам некое добро парче месо. Многу му се допаѓа кога го зачинувам и го пржам. - Па, препознатливата насмевка со акцент на ЈАС. Како со спомнувањето на него повторно да го навлекува тоа вештачко насмеано лице - за светот и за себе.

Излегов од канџите на нејзината одлумена среќа и побрзав на улица. Патем, видов се. Јас динстам, а тој е среќен. Како да беше врв на нејзините моќи. Динстање на добро парче месо или неговата среќа, сеедно.

Им ги скинав маските и подобро ги погледнав. Површински тие беа совршен пар, но само на површина. Тие не беа усогласени во нивните лаги (не успеаја да ги усогласат своите лаги со години). Секогаш беше зборлив - за никој да не го прекинува, агресивно кажуваше вицеви кои веќе им беа познати на сите (и прв на нив се смееше), секогаш најпаметен, без разлика на која тема се разговараше, иако последен пат ја прочита „Трите прасиња“ во прво одделение. Таа - секогаш со уста извртена во насмевка (небаре и таа насмевка е виновна за нешто), тивка, затоа што – што таа знае подобро од него?! - гласно кога се смее на неговите глупости – зашто како инаку  би знаеле луѓето дека таа е добра сопруга?

На почетокот беше се, за да он знае дека има добра сопруга, домаќинка, мајка. А, тогаш таа сфати дека тој никогаш нема тоа да го знае. Дека она тоа никогаш нема да биде. Дека се она што прави е недоволно. Тогаш мораше да се погрижи, другите да не го забележат тоа.  Ако тоа се случеше случајно, повторно ќе беше нејзина вина.

Дека се е нејзина вина иако тој толку се труди сфатила кога почнал да и објаснува дека нешто не е во ред со нејзиното семејство. Мајка ѝ е ваква, татко ѝ е таков, сестра ѝ - без коментар. Целото семејство и е чудно, од тоа го видел на последната свадба. А дали видела она какво е неговото славно потекло! Треба да биде среќна што ја избралОд сите што можел да ги одбере, еееј! – Тој баш неа ја одбрал!

На почетокот кога ја избра токму неа, никому не му беше јасно што она прави со него. Тоа беа два света кои тој ги зближи со комплименти, ласкања, мали подароци и големи животни исповеди. Ја фати на добрината, во стилот на „ти ме спаси“. А на што е најлесно паѓа жената? Па да го спаси својот принц на бел коњ. Како и во секоја модерна приказна која започнува со лага, така и во оваа од принцот остана само коњот.

Комплиментите се претворија во потсмев: „Подобро да читаш некој готвач отколку тие твои романи! Тој можеше да го каже ова без срам додека ја гледаше (и јадеше!) од седумнаесетте врсти храна на масата.

„Малку ме опушти, маче, какво сало ти е тоа на колковите? Како да можеше да направиш нешто паметно отколку да губиш време на Интернет!“ - Со виснат стомак ќе и ги штипкаше коските и ќе ја провоцираше.

„Овој твој повторно доби тројка по математика! Добро, правиш ли нешто со овие деца или само се плеткаш додека јас крваво зарабтувам за тебе?!“ - А тој работеше обична канцелариска работа и повеќе време поминуваше на паузи отколку на работа, додека таа од ноќната смена во болницата брзаше дома да готви динстано месо.

Тој имаше најжестоки осуди за промискуитетни медицински сестри, ја чекаше скриен на паркингот на болницата и ја следеше низ градот. Иако никогаш не ја „фатил на дело“, превентивно и сервираше навреди со утринското кафе или после некој од  нејзините (ретки) оргазми.

Никогаш не ја удрил за да се види. Всушност, тој никогаш не кренал рака кон неа. Но, нејзината душа беше целата во модринки.

Кога последен пат се видовме на забава, сфатив: овие двајца не се од оние парови што ќе завршат на страниците на црната хроника, иако упорно, ден за ден, прават криминал. Тој ја убива, таа ја искривува устата во насмевка. Не е доволно храбар да замине. Доволно исцрпена за да верувам дека нема причина да си заминеш.

Па, тој никогаш не ја ни удрил!