Толку страдање во светот што е тешко да се поверува дека постои Бог: Приказна која ќе ви го промени мислењето
Eднаш еден човек отишол во фризерски салон за да се потстриже и да ја скрати брадата. Како што фризерот почнал да ја работи својата работа, почнале да разговараат за многу работи и разни теми. Кога во еден момент ја допреле темата за Бог, фризерот рекол:
„Јас не верувам дека постои Бог“.
„Зошто го мислите тоа?“ запрашал човекот.
„Па доволно е да излезете на улица за да сфатите дека Бог не постои. Кажете ми, ако постои Бог, зошто постојат толку болни луѓе? Зошто постојат толку напуштени деца? Да постои Бог, не би имало ниту болка, ниту страдање. Не можам да го замислам милостивиот Бог кој ги дозволил сите тие работи.“
Човекот се замислил на момент, но не одговорил бидејќи не сакал да покрене расправа. Кога фризерот ја завршил својата работа, човекот го напуштил салонот. Веднаш откако го напуштил салонот, здогледал човек на улицата со долга, леплива, нечиста коса и долга неуредна брада. Изгледал нечисто и запуштено. Човекот се свртел и се вратил во фризерскиот салон и му рекол на фризерот:
„Знаете што? Фризери не постојат.“
„Како може да го кажете тоа?“, запрашал изненадено фризерот.
„Јас сум овде и јас сум фризер. Сега работев на вас!“
„Не!“, извикал човекот.
„Фризери не постојат, бидејќи ако постоеја, по улиците не би шетале луѓе со долга коса и неуредна брада, како што е овој човек надвор.“
„Ах, но постојат фризери! Меѓутоа, тоа е она што се случува кога луѓето не доаѓаат кај мене.“
„Да, многу убаво тоа го кажавте.“, рекол насмеано човекот и понатаму го продолжил својот пат.