Торта со Маша и медо и славеничка во фустан како балерина: Ќеркичката на Михајло и Кенијката Емакулате наполни две години (ФОТО)
Кенијката Амакулате Вандера и Михајло Блажевски се доказ дека љубовта не знае за граници, нација, боја на кожа. Минатата година ја раскажаа нивната љубовна приказна за Женски магазин, а најубавиот плод на нивната љубов е нивната ќеркичка Дариа.
Емакулате, посочи тогаш какво детенце е нивната наследничка и кој им помага околу грижата за неа.
„Плод на нашата љубов е нашата најубава ќерка Дариа. Таа ги промени нашите животи на начин кој не може да се опише со зборови, секако таа е најубавото нешто што ни се случило во нашите животи досега, едоставно ја обожуваме. Дариа е многу активно бебе, почна да оди без помош пред да наполни 10 месеци, и обожува да се качува на се и сешто и е активна по цел ден. Уште сега можам да кажам дека ќе биде атлетски надарена, исто како нејзините родители секако (се смее). Таа е многу паметно бебенце, секако секој родител го има тоа мислење за своето дете но повеќето работи што ги прави се понапред од нејзината возраст.
Педијатарот постојано ни кажува дека е неколку месеци понапред со развојот и задолжително да планираме да ја запишеме на некој спорт кога ќе дојде вистинското време. Благословени сме што ги имаме родителите на Мики блиску до нас, тие ни се огромна помош околу Дариа, секогаш се тука кога ни требаат од самиот почеток, понекогаш се прашувам што ќе правев да не беа тука. Баба и дедо се едноставно опседнати со неа, Дариа е нивната најголема радост.“
Малата палавка полни наполни 2 години, а гордата мајка по тој повод сподели фотографии од роденденската прослава.
„На моето најсакано девојче, во тебе пронајдов ѕвезда љубов моја, среќен роденден“ - напиша покрај фотките Емакулате, надополнувајќи ги зборовоите со емотикони со торта и срце.
Инаку, мора да забележиме дека како расте, малата Дариа сѐ повеќе личи на својата мајка.
фото: Принтскрин / Инстаграм