Трагедија: Девојка го сними монетот на смртта, додека дечкото пука во неа – „Ајде душо, направи го тоа“ (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Младата Бразилка Иели Алвеш (23) го снимила моментот на нејзината смрт, поточно моментот кога ја застрелало нејзиното момче, а грозоморната вистина била откриена откако  и го провериле телефонот.

Иели од Бразил го снимила моментот кога нејзиното момче Диего Фонсека (27) пука во неа. По убиството, осомничениот во полиција изјавил дека Иели била застрелана од човек на велосипед. Страшната вистина била откриена кога и го провериле телефонот. Тие пронашле видео направено во саботата, а на кое се гледа како Диего нишани кон Иела, која дошла кај него да му раскине.

На видеото се слуша Иели како се смее и вели: „Ајде душо, направи го тоа“. Тој го повлекол чкрапалото, по што видеото престанува. Диего потоа ја однел ранетата Иели во болница, каде што починала од повредата. Полицијата веднаш дошла во болница, каде го испрашувала Диего, кој тврдел дека кај нив застанале двајца мажи на мотор, а еден од нив испукал два истрели, кои ја погодиле Иели.

Инспекторите забележале дека дава погрешни информации, поради што го однеле во станица, а кога го провериле телефонот на убиената, нашле видео на кое се гледа како Диего пука во неа. Против Диего е покренато обвинение, а полицијата го пронашла пиштолот со кој го извршил убиството. Тој го фрлил пиштолот откако го паркирал автомобилот пред болницата.

Мајката на убиеното девојче вели дека Диего ја тешел во болница и и кажал како ќе ги најде убијците. „Ме извести дека е во болница. Кога дојдов ме прегрна и ми рече: „Ќе ги најдам тие што го направија ова и ќе платат“, рекла Олесијан, мајката на убиеното девојче. Таа откри дека Иели и Диего биле во врска година и седум месеци и дека нејзината ќерка сакала да раскине.

Олесијана изјавила и дека нејзината ќерка неколку часа пред да биде убиена и рекла дека ќе раскине со Диего бидејќи повеќе не им оди. Таа рече дека Иели подготвила оброк за нејзиното момче и додала: „Мамо, одам таму и ќе се вратам наскоро“. Тој исто така тврди дека Иели минатата година завршила во болница откако Диего ја нападнал. Потоа и ја сошиле раката. Тој вели и дека ја претепал во 2022 година кога дознал дека разговара со нејзиното поранешно момче.

"Се случи неколку пати, кога се караа, да дојде дома со модринки. Знаев дека е лошо, се обидов да се мешам....Не ми кажа многу...", рекла мајката.

Пријателката на убиената рече дека Иели и се пожалила дека Диего и се заканувал и додала дека ја советувала да го пријави во полиција. Таа покажа порака што и ја испратила на својата пријателка пред еден месец, во која пишува: „Ако ви се заканува и ве повреди, пријави го и побарај заштита. Така се случуваат фемициди. Никој не верува дека некој е способен да направи нешто , додека на крајот не завршат мртви“.


Фото:screenshot