Трајче Ѓоргиев со нов имиџ и сериозни музички планови

Добивај вести на Viber

Трајче Ѓоргиев ги освои симпатиите на цел Балкан појавувајќи се на музичкото шоу „Ѕвездичките на Пинк“. На својот прв настап ја испеа познатата „Зошто отиде“ од нашата музичка легенда Тоше Проески, по што сосема беше сигурно дека го очекува светла иднина.


Скромното момче од Струмица го освои второто место, но и понатаму продолжи храбро да чекори во светот на музиката.

На својот Инстаграм профил, Трајче често споделува моменти од својот живот, а неодамна го видовме на настап на „Струмица опен фестивал“ со ѕвездата Тони Цетински.

Трајче веќе има 17 години, и претходно годинава ја најави својата прва песна, која ќе биде соработка со познатото композиторско дуо Цветковски.