Гувернерката на НБРМ, Анита Ангеловска-Бежоска, ги предложи м-р Емилија Нацевска и м-р Ана Митреска за вицегувернерки на Народна банка на Македонија во својот тим по спроведениот оглас.
Нацевска во Народната банка на РМ досега беше советник на гувернерот за платни системи и евроинтеграции, а Митреска доаѓа како директор во Дирекцијата за монетарна политика и истражување во НБРМ, пишува „Фактор“.