Три тајни за убавина на Клеопатра кои се ефикасни и денес

Добивај вести на Viber

Овие три ритуали  биле составен дел од рутината за убавина на Клеопатра, а истите сè уште се екстремно ефикасни и денес.

Признаваме дека обично земаме совети за убавина од жени од нашата ера, но со оглед на тоа што Клеопатра се смета за една од најубавите жени на сите времиња, можеби не е добро да скокнеме во временската машина и да истражуваме ритуали за убавина постари од 2000 години.

Факт е дека во времето на Клеопатра немало индустрија за убавина со бесконечен избор на козметички производи, па рутината за убавина на една од најубавите жени во светот се состоела исклучиво од производи засновани на природни состојки од растително или животинско потекло.

Дознајте подолу кои се тајните зад третманите за убавина на античкиот египетски владетел и како да ги вклучите во козметичките практики од 21 век:


Мед и млеко

Се верува дека Клеопатра својата мазна и хидратирана кожа ја должела на хранливите бањи од млеко од магариња и мед, а според египетските жени, оваа комбинација на состојки ја користеле и за маски за лице. Многу современи козметички производи содржат млечна киселина, а доколку сте личност која сама сака да изработува купки за бањање, додајте половина литар млеко и 5 големи лажици мед во гелот за туширање.

Сол од мртвото море

Мртвото море се смета за најголема природна бањата во светот, а заради неговата исклучително голема количина на медицинска сол, капењето во него се препорачува за лица со кожни заболувања и генерално проблеми со кожата. Клеопатра исто така била свесна за овие лековити и хранливи својства и користела сол од Мртвото Море во нејзината рутина за убавина. Ако Јордан или Израел не ви се блиску, обидете се со некои од многуте козметики засновани на оваа сол.

Египетски восоци

Во повеќето салони за убавина можете да закажете египетски третман со восок кој ќе ја отстрани несаканата коса на помалку болен начин. Паста од шеќер е главната состојка на овој метод, а нејзините дополнителни придобивки се што практично ги елиминира нездравите влакна. Одговара на сите типови кожа и целосно природни состојки за да ја одржува кожата здрава. Не залудно овој рецепт опстанал илјадници години!



(ФОТО) Водич за жени: Каков градник ви одговара со секоја блуза?