Труднички стомак, долга венчаница: Ретка фотографија покажа како изгледала Вики Миљковиќ на свадбата пред 16 години

Добивај вести на Viber

Нивната љубовна приказна трае со децении и до ден денес се смета за еден од најхармоничните бракови во шоубизнисот

Пејачката Вики Миљковиќ и нејзиниот сопруг Драган Ташковиќ Ташке се запознале кога биле многу мали. Веднаш знаеле дека се создадени еден за друг, но се забавувале цела деценија пред да решат да стапат во брак.

На почетокот не одеше сè како што треба, па некои блиски луѓе мислеа дека не се добар пар.Меѓу нив биле и нивните родители, кои мислеле дека не треба да се венчаат.

Сепак, судбината го даде последниот збор, а Вики и Ташке го кажаа судбоносното „да“ во 2007 година. Пејачката тогаш беше бремена со синот Андреј, а една фотографија која неодамна се појави на социјалните мрежи ги воодушеви сите нејзини фанови.

View this post on Instagram

A post shared by @estradni.arhiv


Ги прикажува Вики и Ташке на денот на нивната венчавка. Вики е во поодмината бременост, двајцата се млади, убави и среќни. Вики носеше прекрасна бела венчаница, за тоа време, со модерен крој, додека Ташке беше во класичен црн костум и елегантни чевли.

Парот остана заедно од тој ден, кога се заколнаа на вечна љубов, а едно е сигурно, тие двајца го чуваат својот брак подалеку од очите на јавноста.

Ретко ги гледаме заедно во медиумите, а можеби и тоа е причината што останаа заедно повеќе од 15 години и создадоа вистинска мала империја и богатство во секоја смисла.

Извор: glossy.espreso.co.rs