„Тука потпишував да живеам на овој студ“: Најпознатата Кенијка кај нас Емакулате и Михајло прославија 5 години брак

Добивај вести на Viber

Не знаев каде е Македонија пред да го запознаам мојот сопруг, ни изјави во една прилика најпознатата Кенијка кај нас, Емакулате Вандера .

Ем како најчесто ја нарекуваат многумина и нејзиниот сопруг Михајло од Скопје вчера прославија пет години од брак.

„Пет неверојатни години. Наздравје за љубовта“ - напиша Ем на Инстаграм објавувајќи фотки на Инстаграм стори.

На една фотка таа шегобијно напиша:

„Тука потпишував да живеам на овој студ“ .


Ем е во брак е со Михајло Блажевски, а плод на нивната љубов е ќерката Дариа која има една година.

Ем и Мики имаат интересна љубовна приказна која ги урива сите можни предрасуди. Се запознале преку Интернет, љубовта преку жици ја негувале скоро две години за кога Ем ќе дојде во посета на Македонија да ја крунисаат со брак. Се почнало со еден комплимент кога Ем работела како учителка во Тајланд. Ковид пандемијата им ги помести плановите за свадба, но како што ни откри Емче, таа ќе се случи наскоро.

Емакулате добро ја прифатило и семејството, и пријателите на Мики, а ни раскажа дека ги обожува и јадењата кои ѝ ги подготвува свекрвата Блага, а свекорот како што ни рече е задолжен за десертите. Ѝ се допаѓа културата и тадициите кои ги негуваат Македонците за кои вели дека се гостопримлива нација и големи патриоти.

Нивната љубовна приказна читајте ја тука.