ТУРИЗАМ: Како да ги задржиме гостите подолго и да им „извлечеме“ повеќе пари?

Добивај вести на Viber

Ни треба збир од брендирана дестинација и производ, за да ги задржиме туристите подолго да престојуваат во Македонија, вели Биљана Пејоска-Ристеска од Стопанската комора за туризам.

Додава дека во туризмот не треба да се импровизира, туку треба да има соработка меѓу сите институции и приватниот сектор, за да се постигнат резултати. Вели дека бројката на посетители е само квантитет, но не и квалитет ако се земе в предвид дека има голем број на туристи од Турција, но тие само една ноќ се задржуваат во земјава, како дел од кружни тури.

„Потребна е не само формата, туку да има содржина и тоа вистинска. Сите мора да имаат сериозен пристап. Да имаме брендиран производ и брендирана дестинација и тоа да го понудиме на саеми. Ние имаме потенцијал, и ако имаме бањи, тогаш треба самостојно да понудиме аранжмани со седум дена и шест ноќи, но да се инвестира, да не стојат бањите запустени“- вели таа за Фактор.мк