Убавата Шехерезад носи фустан кој е како создаден за жени од 40+: Оваа жена е синоним за природна убавина

Добивај вести на Viber

Бергузар Корел, познатата Шехерезада, е синоним за природна убавина. Турската актерка неодамна сподели фотографии од Кан и ги воодушеви обожавателите, а нејзиниот стил е идеален за сите жени кои ја сакаат класиката.

Бергузар Корел, сопругата на турската суперѕвезда Халит Ергенч, познат по својата маестрална улога на Сулејман Величествениот, сака да експериментира со косата, но не и со стилот на облекување. Таа е претежно верна на класиката, го цени квалитетот и не ги следи слепо трендовите.


Убавата актерка неодамна им „се јави“ на своите следбеници на Инстаграм од Кан и ги воодушеви сите со својот префинет изглед.

Едноставен црн фустан ја истакна беспрекорната фигура на заносната Шехерезада, која по три раѓања навистина изгледа спектакуларно. 

Моделот е идеален за жени кои сакаат класични парчиња, а покрај женствениот ефект, ја издолжува фигурата и ги истакнува струкот и градите.

Комбинацијата Бергузар ја комплетираше со суптилни детали, проѕирни чевли со црни риги и бисерни обетки.


Косата ја врза во опашка, а шминката и беше исклучително минимална, па нејзината природна убавина дојде до полн израз.

Фустанот на Шехерезад е идеален за жени над четириесет години, бидејќи има примеси на сериозност, елеганција, сведен е и ефикасен, а најдобро од сè е што може да се прилагоди со разни детали.


Foto: berguzarkorel / Instagram