Убави вести: Во моментов се врши трансплантација на бубрег кај 35 годишна девојка

Добивај вести на Viber

Во тек е првата трансплантација на бубрег кај 35 годишна девојка, која неколку година е на дијализа, соопшти во јавноста министерот за здравтсво Венко Филипче.

Бубрезите ги донира семејството на 46 годишен пациент кај кого вчера била потврдена мозочна смрт.

Министерот се заблагодари на семејството на донорот, кое во моменти на неизмерна тага одлучило да ги донира органите и да спаси најмалку уште два животи.

Фејсбук статусот на првиот човек  на здравството во земјава ви го пренесуваме во целост:

„Утрово на Клиниката за Урологија беа експлантирани два бубрега од 46 годишен пациент кај кој вчера беше потврдена мозочна смрт. Во моментов, во тек е првата трансплантација на бубрег кај 35 годишна девојка која веќе неколку години е на дијализа, по што ќе следи и втората трансплантација. 

За жал, овој пат немавме соодветен примател на срцето и тоа нема да биде трансплантирано. Се заблагодарувам на семејството на донорот, кое во моментите на најголема болка одлучи да ги донира органите и да спаси уште најмалку два животи. Да се донесе одлука да се даруваат органите на блискиот во моментите кога го губите засекогаш, е тешко. Потребно е многу сила, многу љубов и хуманост да мислите на нечиј туѓ живот кога го губите саканиот. Луѓето кои носат вакви одлуки се посебни. Бескрајно сме им благодарни што уште еднаш ни покажаа дека живот сепак може да се подари.

Ова е втора кадаверична трансплантација и четврта од жив донор годинава. На 23 мај од починат донор се трансплантираа срце и бубрези. Во период кога здравствениот систем се соочува со ковид-19, Програмата за транплантација продолжува да се реализира“, напиша министерот.