Убавка не ја исполни желбата на родителите и млада ја напушти Југославија: Сега е најбогатата Србинка, а ова ѝ даде моќ

Добивај вести на Viber

„Жената змеј, мојата пријателка Ребека Мекдоналд. Добредојдовте во Белград“. Со тие зборови Вељко Кузманчевиќ ја пречека најбогатата Србинка на светот.

Ребела Мекдоналд е најбогатата Србинка во светот која постави нови граници во светот на бизнисот! Таа е пример за непоколеблива деловна жена од Торонто, а за тоа говорат бројните награди. Таа ја предводи „Just Energy Group“, компанија за тргување со енергија што таа ја основа.

Сепак, оваа голема дама на која сите ѝ се восхитуваат потекнува од Србија, каде што пораснала и ја поминала раната младост, но војната ѝ подготвила поинаков животен пат. Имено, таа е родена како Убавка Митиќ во 1953-та година, а во Канада се преселила на само 22 години.

„Пораснав во Југославија, со многу строги родители. Завршив прва белградска гимназија и се запишав на медицина, не затоа што ја сакав медицината, туку затоа што тоа го сакаа татко ми и мајка ми. На 22 години побегнав во Канада. Во тоа време беше лесно да се добие виза за Канада. Таа земја беше доволно далеку од мама и тато, од Југославија, од Европа. Мислев дека Канада е земја на потенцијал. Тогаш бев релативно млада, но дефинитивно решив дека сум готова со животот во Југославија и никогаш не мислев дека ќе се вратам во Југославија. Затоа никогаш немав желба да се вратам. Кога ќе донесам одлука, целосно сум фокусирана на неа, ништо не може да ме спречи да ја спроведам“, изјави таа своевремено.


Не ѝ било воопшто лесно да стане тоа што е денес, морала да се соочи со разни тешкотии, но не жали за ништо, бидејќи денес е една од најугледните деловни жени чие име и тоа како го ценат.

„Девојката Убавка Митиќ отиде во Канада и стана Ребека Мекдоналд. Тоа беше трнлив пат. Тоа е многу потешко отколку што мислат младите. Западот не е за секого. Тоа беше авантуризам. Кога си млад, не размислуваш многу. Но, никогаш не зажалив. Преживувањето на Запад е многу тешко. Горда сум што сум Канаѓанка со српско потекло“.

Таа стана позната како српска кралица на нафтата и гасот бидејќи нејзиното богатство се проценува на две милијарди долари.

Посебно нагласува дека инаетот ја довел до успех. Нејзиниот покоен сопруг ѝ рекол дека нема да успее, но таа го направила тоа, а сега сме сведоци на неверојатните плодови од нејзиниот труд и работа.

Никогаш не се откажа

Таа влезе во светот на бизнисот во 1986-та година кога се појавија нови можности во индустријата за природен гас во Онтарио. Интересно е тоа што првата компанија на Ребека почна да губи профит кога цените на бензинот паднаа неколку години подоцна. Во 1997-ма година, таа повторно влезе на пазарот со основањето на корпорацијата за заштеда на енергија Онтарио, иако со минимален профит. Кога цените на бензинот повторно почнаа да растат во 2001-ва година, групацијата на Ребека „Just Energy Inc.“ исто така почна да расте. Бизнисот потоа се прошири на американскиот и европскиот пазар.

„Денес сè уште поминувам многу време со млади девојки и жени бидејќи многу ми пречи кога сите во Северна Америка ги обвинуваат мажите за неуспехот на жените“. Жената мора да стои зад она што сака да го прави исто како и мажот. „Србија ме подготви повеќе за Западот отколку самиот Запад“, вели Ребека, која изгради црква слична на Студеница во Торонто.

Таа е иницијатор за огромна поддршка за жените во бизнисот, а шест години по ред е прогласена за водечки канадски претприемач според магазинот „Профит“. Во меѓувреме, Ребека стана членка на многу одбори и фондации.

Таа е основач на Центарот за артритис и автоимуни болести во болницата Маунт Синај во Торонто.

Пред четири години таа го доби орденот Свети Сава.


Многу го сака Ноле

Следи тенис секогаш кога е слободна, а не крие дека е импресионирана од она што го прави Новак Ѓоковиќ. На покана на Ноле, оваа моќна жена се приклучи на советодавниот одбор на PTPA, Здружението на професионални тенисери. И таа освои неколку титули со него.

Од друга страна, исклучително ја поддржува работата на Владе и Ана Дивац.

„Имам доверба во овие две фондации и ги сакам како луѓе. Тие се добри луѓе, сакаат да им помогнат на своите луѓе и навистина го ценам тоа кај нив. Познавам многу познати личности и не ми е важно дали некој е познат или не, туку каков човек е. Ѕвездите доаѓаат и си одат, но луѓето остануваат. Но, Србите имаат нешто во својот карактер што не сум го видела никаде во светот - ќе ти простат сè освен успех. Не можам да го разберам тоа.“

Се релаксира во Доминиканската Република

„Се опуштам само кога одам во викендицата на езерото или во мојата куќа во Доминиканската Република. Кога сум во Торонто, телефоните постојано ѕвонат, нема опуштање. Технологијата е многу добра работа и многу лоша работа. Секогаш си на краток поводник - секогаш те наоѓаат“.

Поебно истакнува дека силно верува во судбината и верува дека секој дошол на оваа земја со одредена задача.

„Верувам во готовина. Јас верувам во судбината. Многу силно верувам во судбината. Верувам дека сите сме родени со причина. Моја судбина беше да дојдам овде, да влезам во овој бизнис. Сигурна сум во тоа“, заклучи таа.

Извор: stil.kurir.rs