Успеав, учев од попаметни луѓе од мене, на кои им се восхитував, а не им завидував: Утринско кафе со Вики Димчевска

Ако наутро се будиш без цел, подобро врати се назад на спиење... Секое утро ја отворам вратата од мојот убав голем балкон широко, за слободно да влезе новиот прекрасен ден во мојот живот!!! - тоа е првото нешто што го правам во мојот утрински ритуал. Денешниот ден и убавите моменти во него стануваат утрешни скапоцени сеќавања , затоа треба да ја живееме сегашноста!

Првото утринско кафе го пијам на мојот убав голем балкон или во кафуле , послужено со убаво парче колач , во друштво на мојот животен сопатник и партнер со кој што го делам секој момент цели 7 години - мојот Пецо .

ДОДАЈ ШЛАГ НА КАФЕТО , И ДЕНОТ ЌЕ БИДЕ ОКЕЈ...! Сакам денот да ми тргне глатко и слатко.

Секој ден , добар ден „Успехот е нешто што единствено ТИ можеш да го дефинираш“. Опкружи се со работи што те мотивираат! Инвестирај во себе - во работа и во знаење. Мотивација за новиот ден ми се: свеж мир , свежи идеи , свежа надеж , свежи и нови проекти ...

Почнав да си правам место за себе: за својот живот , своите емоции , своите потреби , своите очекувања... Сакам да се дружам со луѓе попаметни од мене ... „Ако се дружиш со луѓе кои се попаметни од тебе. Брзо ќе забележиш разлика.“ УСПЕАВ. Затоа што учев од паметни луѓе на кои им се восхитував, а не им завидував. Не затоа што сум родена под среќна ѕвезда или ми се посреќило во животот, туку бидејќи јас одлучив да биде така. Не успеав за инает на другите, успеав за љубовта кон себе и лично за себе!

Јас, Вики Димчевска прво правам план од вечер за утрешниот ден... Состаноци, клиенти, обиколка по градежни објекти, учење мастер студии, отсек „Менаџмет за човечки ресурси“ на УТМС - Скопје , обврската кон моето семејство и мојот домашен миленик кучето Мајки.

Менаџирањето е вештина која се учи, за постигнување на целите најбитно е човек да е духовно исполнет , и да ја сака работата што ја работи. Говорот е слика на оној што говори. Зборовите што ги кажуваме сме НИЕ самите, во бизнисот и секојдневното живеење... „Давај го на светот она што сакаш да ти се врати.“

Најубавиот дел од мојот ден по завршувањето на работните обврски се попладневните часови поминати во кујна, готвејќи со љубов убава и вкусна топла вечера за моето семејство, и украсно декорирање на семејната трпеза. Вечераме заедно и уживаме во заедничките моменти и разговори како сме го поминале тековниот ден. Тоа за мене е вистинска среќа - Исполнета Жена е успешна во работата и успешна во семејните  обврски.

Природната улога на жената е да биде столб на семејството. Успехот е сонот кој секој човек го сонува, без оглед дали се работи за семејство, работа, финансии или нешто друго.

Пред да заспијам пијам сок од 100% органска малешевска аронија, природен антиоксидант за здрав имунитет... Читам МОТИВАЦИЈА СПАКУВАНА ВО ЗБОРОВИ. Книги со мотивациска содржина за успешни лидери, а во моментов читам многу стручна литература за моите студии, и семинари Читај за успехот , а потоа постигнувај го! По секоја прочитана книга - одново надмини се себеси! Во моментов ја читам книгата „НЕОГРАНИЧЕНА МОЌ“ од Тони Робинс. Грижата за себе , за своето здравје и своето семејство НЕ Е СЕБИЧНОСТ , туку ПОТРЕБА !!

(* Вики Димчевска - Амбасадор за човекови права и хуманитарни активности во Р.С.Македонија, прогласена од Новинари за човекови права и Британска Амбасада; Менаџер за маркетинг, продажба и презентација во градежниот сектор на Р.С. Македонија; Промотор на 100% органски производи во Р.С.Македонија)