Удобни и практични: Мокасините ќе бидат модно парче број еден во претстојната сезона (ФОТО)
Мокасините се, согласни се модните експерти, апсолутен моден
хит оваа пролет, а освен што се удобни и практични, тие можат да се носат и во
најразлични комбинации.
Мокасините гордо се враќаат на модната сцена, а веќе ги видовме облечени на познати трендсетерки како Кејти Холмс, Каи Гербер, Хајли Бибер, Лили Колинс ...
Познатите љубители на модата сакаат да ги комбинираат во нивните секојдневни стајлинзи, а мокасините се покажаа како неверојатно разноврсно парче што изгледа одлично во различни варијанти на облека. Актерката Кејти Холмс е голема обожавателка на овие модели на чевли, и претпочита да ги носи со фармерки со удобни, пошироки кроеви, исто како и манекенката Каја Гербер, која се одлучи за престижните мокасини на Гучи.
Покрај тоа што се вклучени во понудата од познати модни куќи, мокасините ја преплавија и понудата во продавниците со подостапни цени.
Најбарани се секако класичните варијанти во беж, кафеава или црна боја, но сè попопуларни и смелите модели со украсен ланец или дури во впечатливи бои.
Мокасините исто така имаат корени во машката облека, а ние обично ги поврзуваме со легендарниот изглед на Мајкл Џексон во комбинација со бели чорапи.
Мокасините можат да дадат елегантен печат на секој стајлинг, и можете лесно да ги носите со фустани, одела, фармерки ...
Ако се двоумите околу мокасините затоа што ви е тешко да ги замислите комбинациите во кои би ги носеле, нека ве инспирираат ненадминливите стајлинзи на познати модни икони од Инстаграм.
Фото: Инстгарам/Profimedia
Можеби ќе ве интересира:
Модни комбинации во боите на летото кои ќе ги обожавате (ГАЛЕРИЈА)