Ултра луксузната вила на Живојиновиќ во Мајами: Брена и Боба обожаваат да летуваат таму, а Прија и Филип се чести гости
Семејството Живојиновиќ поседува многу луксузна вила во Мајами.
Лепа Брена и Слободан Боба Живојиновиќ пред десет години купија вила во Мајами, која им е омилена база за одмор.
Секако, сите останати членови на семејството Живојиновиќ, меѓу кои и Виктор, Стефан и Филип Живојиновиќ, како и неговата сопруга Александра Пријовиќ, со задоволство го посетуваат луксузниот имот.
Пред извесно време се појави информација дека оваа вила се продава за неверојатни 16,9 милиони евра, а претходно Боба и Брена одбиле да ја продадат на двојката Бекам, но и на Џенифер Лопез.
Кога „Њујорк Тајмс“ и другите медиуми објавија дека вилата е на продажба, агенцијата која се занимавала со тоа дала и опис на вилата.
Тие рекоа дека е повеќе од 550 квадратни метри, има шест спални соби и 6,5 бањи и е многу модерна во дизајнот.
Исто така, вилата има многу голема дневна соба со лифт, а има и џакузи, базен, тревник, а има и мала куќарка веднаш до брегот.
- Секој детал е направен со намера, од модерен дизајн кој вклучува зачудувачки поглед на заливот до внимателно избраните материјали - изјави за американските медиуми Мирче Ќуркоски од агенцијата за недвижности.
Неодамна, по три концерти на Александра Пријовиќ во Белград, медиумите почнаа да „дебатираат“ на темата дека Боба Живојиновиќ е единствениот од потесното семејство кој не се појавил на настапот на сопругата на неговиот син.
По некои првични шпекулации, „Телеграф“ објави дека Боба не дошол бидејќи цело време е во Мајами каде што се вршат работи за реновирање на вилата. Па се чини дека нема да има ништо од продажбата, дека Живојиновиќ сепак ќе го имаат гнездото на Флороида.
Покрај Брена и Боба, таму одат и Стефан и Виктор Живојиновиќ кои дојдоа директно од Мајами на концертот на Прија. Кога минатата година Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ беа на одмор во Мајами, дојдоа во вилата.
Исто така, според медиумите, Брена и Боба имаат и скапа јахта.
Извор: glossy.rs