УНИЦЕФ: Македонија меѓу првите три земји во светот со најголем пад на стапката на мртвородени деца

Добивај вести на Viber

Во најновиот извештај на Уницеф, земјава покажа најдобри резултати во Европа, Северна Америка, Австралија и Нов Зеланд со падот на стапката на мртвородени деца. И е рангирана во првите три земји во светот со најголем пад на стапката на мртвородени деца.  

Првиот човек на здравството во земјава, Венко Филипче на својот фејсбук профил истакна дека ова е голем успех за меѓусекторската соработка на Министерството за здравство, Клиника за гинекологија и акушерство, УНИЦЕФ, УНФПА и Светската здравствена организација во изминатите три години.

Според него, за овој голем успех значителчен придонес имал и Комитетот за безбедно мајчинство во земјава, кое е под раководство на д-р Ана Данева-Маркова, како и директорката на Клиниката д-р Викторија Јовановска заедно со целиот тим од установата. 

Министерот потенцираше дека сите вработени го даваат својот максимум во грижата и третманот за нашите најмали.


Фото: Фејсбук