,

Уникатна црнобела венчаница која ги открива тетоважите: Софија и синот на Драган Спасов Дац си кажаа „ДА“

Пред само неколку дена актерот Драган Спасов Дац објави дека си добил снашка, односно уште една ќерка како што тој рече, а вчера и официјално неговиот син се ожени со девојката Софија.

Еден месец откако актерот и пејач Дац и Весна стапија во брак, сега се ожени и нивниот син Јаков.

Јаков и Софија направија уникатна венчавка, двајцата во црно-бели комбинации.

Особено интересна е венчаницата на Софија чиј составен дел се црни кратки панталони, а истата е креирана така што ги открива многубројните тетоважи на невестата.

Двојката сподели и уникатни фотки, направени во нивен стил, а на венчавката, официјално си кажаа „ДА“ пред нивните најблиски.

фото:инстаграм принтскрин

Актерот Драган Спасов – Дац се ожени со долгогодишната партнерка: Весна ми приреди венчавка како подарок за мојот роденден