УШТЕ ДЕТАЛИ ЗА КРАЛСКАТА ВЕНЧАВКА: Хари и Меган го избраа кумот!

Добивај вести на Viber

Принцот Хари го прашал својот брат војводата од Кембриџ да му биде кум на венчавката со Меган Маркл, пренесува Кенсингтонската палата.

Принцот Вилијам вели дека е почестен и дека се радува што ќе биде тука да го поддржи својот брат во капелата Сент Џорџ на 19 мај,

На венчавката ќе присуствуваат преку 600 гости, како и 1000 „луѓе од народот“ кои ќе можат да влезат во замокот Винзор.

Да потсетиме, принцот Хари исто така беше кум на венчавката на својот брат Вилијам и Кејт Мидлтон во 2011 година.