Уште многу родендени да славиме заедно: Тони Михајловски со љубовна порака ѝ честита роденден на сопругата Александра

Убавата Александра, сопругата на актерот Тони Михајловски денес слави роденден, а нејзиниот сопруг ѝ честита со слатка и кратка љубовна порака на Фејсбук. 

- Среќен роденден ЉУБАВИ.
Ти посакуваме многу здравје и уште многу родендени да славиме заедно. Секако и нерви за да не издржиш нас, занесените уметници што секојдневно ти го разубавуваме животот.
Биди ни жива здрава и насмеана 
Дебелиот, Малиша, Лаки и останатите - напиша Тони на Фејсбук.


Парот заеднички го имаат синот Максим кој е веќе големо момче, а Александра, пред две години на својот профил на Фејсбук си ја отвори душата за борбата со рак, од која излезе како победник.



Тони со гордост ја нарекува борец.




Како јајце на јајце: Тони Михајловски и син му Александар се како близнаци

Денес е мојот 1 роденден како сум чиста од канцер: Сопругата на Тони Михајловски емотивна за борбата со тешката болест