Успеваат ли жените жртви на насилство да станат независни, да се вработат, да почнат свој бизнис?
Вообичаено, во нашата држава жените жртви на насилство и семејно насилство потешко наоѓаат работа и потребно е време додека да го пријават насилството, да заминат од домот на насилникот и да станат финансиски независни.
За поголемиот дел од жените жртви на насилство и семејно насилство работната интеграција на пазарот на труд оди тешко. Ова го потврдува Ирена Стојчевска, социјален ментор (ментор за работна интеграција), вработена во Младински културен центар Битола (МКЦ-Битола). Стојчевска објаснува дека причините за оваа состојба се многубројни и истите доаѓаат како од самите ранливи лица, така и од микро и макро средината. Додава дека неспорен е фактот дека по напуштањето на насилната средина жените жртви не се спремни за самостојно вклучување на пазарот на труд и имаат потреба од различни сервиси и видови на поддршка кои ќе им помогнат да се зајакнат, мотивираат и насочат кон економско зајакнување. Со соодветна поддршка за нивно зајакнување, која ја обезбедуваат преку социјалното менторство, жените со кои работат постепено ги воочуваат сопствените капацитети и се вработуваат во приватни фирми, во државен сектор, а некои успеваат да започнат свој бизнис. Повеќе по темата прочитајте на Фактор.мк