Утре го славиме Петровден: Се верува дека вака може да се предвиди кој од членовите на домаќинството ќе биде здрав, а кој болен
Фото: Вангел Тануровски
Православните верници утре, 12-ти јули, ќе го слават Петровден - празник посветен на светите апостоли Петар и Павле
Утре е Петровден и со овој ден со Света Причест завршуваат Петровденските пости.
Обичаите налагаат денеска, во пресрет на Петровден, да се набере по едно цвеќе за секој член на домаќинството. Така собрани, се ставаат во земја, а потоа наутро се оди кај тие цвеќиња и ги гледате: на кој од домаќинството цветот му стои исправено - ќе биде здрав, на кому му опаднал - ќе биде болен.
Постои верување дека на овој свет ден Петар им дели јаболка на децата од другиот свет и поради тие причини на овој ден не се јадат јаболка.
Верувајќи во оваа изрека, во минатото, многу мајки кои ги изгубиле своите деца се воздржувале од јадење јаболка пред Петровден, од страв дека поради овој празник нивното дете во задгробниот живот нема да добие јаболко.
На денешен ден жените печат колач со јаболка, наречен Петровача. Во подготовката на колачот учествуваат и децата, па мајките овој обичај го сметаат за еден од најубавите.
Извор: stil.kurir.rs