УТРИНСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ ПАДНАТ ПОМЕЃУ 10 И 19 СТЕПЕНИ: Неделава се очекува дестабилизација и позначителен пад на температурите

Добивај вести на Viber

Во текот на оваа нова работна седмица во Македонија особено во попладневните и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на град, вели метеорологот Славчо Попоски. Повеќе на Фактор.мк