Утринско кафе со Анастасија Димеска: Денот ми е исполнет со облека, шминка и фотографии

Денот го започнувам зависно од обврските. Еден мој продуктивен ден започнува наутро во 8-часот пиејќи го првото утринско кафе сама, посветуваќи го тоа време на себе, да го прелистам мојот омилен магазин и разгледувам кои се новите промени во трендовите за облека, убавина, боја и целокупниот изглед. 

Така се буди мојата креативност и визија за мојата работа. Потоа полека почнувам да се спремам за работа.


Гледам денот да го искористам максимално. Обично пред да имам фотосесија гледам да сум добро наспана за да имам енергија на сликање.

Денот ми е исполнет со облека, шминка и фотографии. По успешното сликање гледам да се сликам за мојот инстаграм профил, па излезам со моето друштво.


Мотивација добивам од луѓето кои ме опкружуваат, позитивни мисли и енергија. Ме исполнува кога ќе видам одличен feedback од луѓето кои ме следат и најблиските. Ме инспирираат успесите досега што ги имам постигнато и ми даваат мотивација за наредните да бидат поголеми.



Најчесто денот го завршувам со моето момче гледајќи филм и вкусна храна. Слободното време го користам за да го испланирам наредниот ден и да видам што има на социјалните мрежи.


(*Анастасија Димеска - Инфлуенсерка и моден блогер)