Утринско кафе со Ангела Василевска: Најголема мотивација гледам во себеси

Денот ми почнува со latte и smoothie , вообичаено во утрата сакам и практикувам да сум сосема сама гледајки на мојата тераса и размислувајки на план за денот.

Ме мотивираат луѓе со визија и луѓе што точно знаат што сакаат и кон тоа целат. Најголема мотивација гледам во себеси и со секој нов ден гледам да станам подобра од вчера.


Дневните обврски се состојат од претходно договорени фотосесии, музички спотови или некаков состанок за соработка во врска со мојата професија како инфлуенсер,модел и актер. Еднаш дневно вежбам и тоа е или пред или после обврските.

Како што денот некогаш ми почнува непредвидено па така и вечерта непредвидено може да ми заврши. Вообичаено одам на прошетка со моето куче или едитирајки слики.


Секогаш кога имам слободно време макар тоа да биде и два часа одвојувам за добар филм или преслушувајки некоја добра книга на Јутјуб.


(*Ангела Василевска - Модел, Сертифициран Мејк-Ап Артист, Манекенка И Инфлуенсерка )