,

Утринско кафе со д-р Митов: Сега денот ми е целосно изместен

Утринското кафе го пијам со сопругата, секој ден. Тоа ни е заеднички ритуал кој многу ни значи. Јас реално и не морам да станам толку рано за работа, но станувам од кревет токму заради тоа кафе. Утринските ритуали, според мене, се важна работа. Тие му даваат тон на денот, му даваат правец. Секој ден носи со себе предизвици и добро кога имаме со некој да се бодриме и подржуваме. А токму тоа е и бракот, безрезервна поддршка во се'.

Се водам од една мислам - секој од нас е должен да помогне во мисијата да го оставиме светот подобар одошто сме го нашле. И тоа е сосема доволно да му даде на човек мотивација за се' што прави во животот. кризата која ја преживуваме уште повеќе го потенцира тоа.

Сега денот ми е целосно изместен: не одам на утрински тренинг, не одам на работа туку работам од дома, се трудам целосно да се придржувам на правилото за минимален контакт со други луѓе додека трае епидемијата. Доброто во сето тоа е што јас сум човек кој најмногу сака да го проаѓа времето дома. Прочитав една убава мисла деновиве, вели: „Да направиме цркви од нашите домови!"; домот секако ми е светост и затоа мислата толку ми се допадна.

Вечерта ми е резервирана за „Нетфликс“ со сопругата. Имаме ист вкус за серии и така ни завршува секој ден. Битката за успивање на децата се смирува некаде околу 21:30, потоа со голема доза на умор останува да се наместиме пред телевизорот и гледајќи серии да заспиеме. Исто, еден од омилените начини на релаксација ми е вечерна прошетка со еден мој многу близок пријател. 

Уживам и во двете. Убавината на филмот е дека трае многу пократко во однос на читањето на некоја книга, а и книгата носи ризик да се зачитам па да запоставам обврски додека не ја довршам. Се плашам најмладите дали ќе го заборават задоволството на читање убава книга, се чини натака оди работата.

(*Александар Митов- доктор по медицина и магистер по јавно здравје и влијанијата врз животната средина)