Утринско кафе со Елена Јанев: „Шот“ на екс од јаболков оцет, тоа е мојата замена за првото утринско кафе

Како што времето се менува и започнува летното сметање на времето, така и кај мене се менува секојдневната утринска рутина.

Во овој пролетен период, се будам со изгрејсонцето, очите практично ги отварам со еден "шот" на екс од јаболков оцет, тоа е мојата замена за првото утринско кафе (се смее). Ова е навика која веќе ја практикувам подолго време а токму поради Ице јаболковиот оцет стана омилениот напиток во нашиот дом. Тоа е нашиот еликсир на младоста.

Понатака она што е моја рутина е утринското кардио, буквално станувам од кревет, пијам шот, се облекувам и веќе сум со слушалките на уши и започнувам со утринско трчање. Поминувам 4км, толку ми дозволува времето, но и сметам дека е доволно.

Работното време ми започнува од 8часот, па веќе во канцеларија е првиот оброк и првото горко кафе.  Кафето е најубаво и најслатко за викендите, тогаш јас си дозволувам подолг сон и најчесто Ице ме буди со кафе. Најубавиот почеток на денот. 


Ице е мојата најголема мотивација. Он е мој мотиватор, поддржувач, моја потпора, учител и ментор, моја сродна душа. Покрај него се насочив кон здравиот начин на живот, станав поорганизирана и поодговорна личност, го променив начинот на којшто го гледам животот, додека на почетокот на моите промени бев прилично спанка и понекогаш се случуваше буквално да ме истурка од кревет за утринското кардио, денес секоја минута ми е организирана, не можам да замислам времето да ми поминува непродуктивно и неорганизирано, многу повеќе го почитувам секој момент што ми е даден и не го трошам залудно. 

Сметам дека секој треба да има своја движечка сила, некое свое 'зашто' за насоката во којашто се движи. 

Секој нов ден е нов предизвик, да се искушам себеси, да направам нешто продуктивно, да пренесам позитивна енергија, да промениме нечив живот, да предизвикаме нечија насмевка.. Од секоја клиентка решена за животна промена, нејзината тешкотија, или пак упорност и дисциплина се плус мотив за мене.  Моето работно време завршува во 16часот, а тука и започнува вториот организиран дел од денот. 

После ручекот, започнува работата на програми од моја страна, дискугираме со Ице околу нашите клиенти, комуницираме конкретна проблематика, ова се моменти кои се моја обука, непроценливо искуство, преку работата на Ице во која што подолго време бев вклучена во позадина стекнав огромно искуство, сега сум вклучена во изработка на програмите само за жени. 


Во однос на работата имаме дневни, неделни и месечни планови по кои строго се водиме. 

Јас, од друга страна како домаќинка, можам да кажам доста ми е олесната оваа улога бидејќи скоро па иста ни е исхраната, па затоа три пати во неделата готвам да имаме спремни оброци, еден ден ми е за кулинарски експериментирања и рецептите почнав да ги постирам на истаграм, додека останатите обврски околу домот ми се испланирани предвреме. 


Денот завршува со тежински тренинг, во моментов моите тренинзи се со помал интензитет но сепак не ги запоставувам . Следува туш и последниот оброк, каде со Ице си раменуваме искуства околу поминатиот ден. 

Обично при крајот на денот си ги планираме и дискутираме активностите околу викендот што следува. Сакаме викендите да ги поминуваме со несекојдневни активности, дали тоа ќе биде јавање на коњи, прошетка по историски и далеку заборавени места, стрелање со лак, некогаш имаме натпревар меѓу себе на кеј но тоа е само првите 5мин бидејќи после тие 5мин останувам сама на стазата а јас упорно сум главниот иницијатор хаха  И кога сета еуфорија од денот ќе стивне, вечерта ми е резервирана во најсаканите прегратки и добро избран филм. 

И книга и филм, доживувањата се различни. Книга читам секојдневно по некоја страна, но добар филм е изборот пред спиење.


(*Елена Јанев - Дипломиран економист - Фитнес ентузијаст / Моментално студирам на еден од топ 5те универзитети од област на нутриционизам и персонален тренинг ISSA - International sports sciences association)