Утринско кафе со Илија Жежов: Во прв план секогаш се пациентите

Ретко консумирам кафе. Најчесто денот ми започнува со цеден портокал, оброк полн со овошје и витамини што ми обезбедуваат сила и енергија до 15 00 часот.

Сето тоа гледам да го скоцкам набрзина на кратка пауза, бидејќи и ретко имам време за  пауза. Секогаш штом влезам во ординација, утрата ми започнуваат со пациентите, нивното добро утро. Така и го започнуваме стартот кон пристапот на нивните терапии.

Ме мотивира спортот, секогаш во слободно време гледам многу да се посветам на спортска активност, возејќи велосипед, искачување на планина или тететана. А една од моите најголеми мотивации е мојата професија физиотерапевт. Чувството денес да дадете медицинска помош таму каде е потребна, а потоа да знаете дека таа помош била од големо значење е нешто најубаво што може да ме мотивира за среќа.


Во прв план секогаш се пациентите, плановите, програмите за работа, распоредот и термините околу обавувањето на нивните терапии.

Обврската како физиотерапевт е многу одговорна работа и бара многу голема посветеност и ангажираност во пристапот на лекувањето и пружањето на медицинска помош кон пациентите и клиентите. 

Денот најчесто ми завршува повторно со план за утрешните обврски кон работата. Откако се ќе комлетирам како што треба по ред, знам да си дозволам добар филм, добра книга, тренинг или пак да се посветам да напишам некоја објава, текст совети или  вежби и други активности поврзани во врска со  работата

Се што ми се допаѓа во принцип знам да и да си го дозволам. Зависи како сум расположен и книгата и филмот ми даваат релаксација. Но, повеќе слободното време го користам за тренинг.


(*Илија Жежов , физиотерапевт)