Сеќавањата за мојата мајка ме мотивираат на мислата за подобро утре: Утринско кафе со Љубица Зафировска

Добивај вести на Viber

Денот секогаш ми започнува со убава мисла и позитивни вибрации. Кафето преку работната недела го пијам сама, а преку викенд уживам во првото утринско кафе во друштво на мојот сопруг.

Го бакнувам син ми и денот може да започне.

Мене ме мотивира моето семејство и пријателите. Но, најмногу мојот син Јаков. Секој ден со него е посебен, секој ден е исполнет со многу предизвици, насмевки, игри.

Сеќавањата за мојата мајка ме мотивираат на мислата за подобро утре. Таа беше многу силна жена. Секогаш ме инспирираше да уживам во животот и да го живеам секој ден со насмевка, независно од тоа што може да се случи во текот на денот. 

Преку работната недела секогаш сум со агенда и организиција за да можам да постигнам сè. Најчесто додека го пијам утринското кафе правам брз план за тоа како ќе се одвива денот, но сепак не може сè да се испланира особено кога сте со мало детенце.

Мојата работа е динамична и многу одговорна, така што откако ќе ги завршам утринските обврски, сето внимание ми е насочено кон бидување најдобрата верзија од себе за извршување на работните обврски.

Карантинот дефинитивно нè промени сите. Долг период кој, за жал, на потешкиот начин нè научи да ја вреднуваме повеќе љубовта, семејството и пријателите, повеќе да го цениме времето поминато со нив, и како тие мали нешта на кои претходно не обрнувавме внимание биле големи. Од сето тоа можеме да извлечеме една позитивна поука, а тоа е порационално користење на времето, работа на себе, пред сè психички и физички. Секако дека активностите се променија, но некако има позитивни и негативни страни од сето ово. Полека се навикнаваме на таканареченото ново нормално.

Ваквиот начин на живот остава дамка, особено за сите нас кои изгубивме важни личности во нашиот живот поради пандемијата. Но, новото нормалното веќе станува другото нормално кое ни го наметна овој вирус.

По секојдневните обврски најубав дел од денот ми е вечерта помината со добро друштво и чаша вино.

А, помеѓу книга или филм, одбирам книга и анимирани филмови. Малото ги обожава, покрај него и јас.


* Љубица Зафировска - Администратор во Систина Офтамотологија*