Утринско кафе со Валерија Преспаноска: Ме мотивираат успешни луѓе кои не ги заборавиле вистинските вредности во животот

Денот ми почнува секогаш со музика, си пуштам прво некоја убава песна па си правам кафе , јас сум од оние луѓе кои не можат да се расонат и да функционираат без кафе. 

Најчесто првото кафе го пијам сама и размислувам за обврските кои ме чекаат во текот на денот.


Ме мотивира чувството на среќа кога ќе ми се оствари некоја цел, така станувам се помотивирана и секогаш се стремам кон нови цели нови успеси и кон се подобра верзија од мене, ме мотивираат успешни луѓе кои со работа и труд дошле до успех и притоа не ги заборавиле вистинските вредности во животот и се разбира ме мотивираат позитивните коментари и пофалби кога некој ми го вреднува трудот и работата.


Претежно деновите ми се исполнети со сликање и снимање.

Во текот на една седмица си планирам кои денови ќе ги користам за креирање на нови содржини за мојот инстаграм, убавите сончеви денови исто така ги користам да се видам со пријателите на кафе.


Попладне често пешачам со другарките, а вечерите ги поминувам со мојот дечко обично гледаме некоја серија или филм.


(* Валерија Преспаноска - модна блогерка)