Утринско кафе со Вера Мештеровиќ: Mајчинската мотивација e опис на моето секојдневие
Денот ми започнува во 7/7и30ч. Ги будам децата се подготвуваме за училиште, пијат витамини и излегуваме. Јас кога ќе ги оставам на училиште некој пат веднаш продолжувам со работа, но не секогаш толку рано имам обврски, па во деновите кога немам утрински обврски утринското кафе го пијам со мајка ми.
Ме мотивира сегашноста, денот кој го живеам да ми помине среќно, исполнето, реализирано, а тоа во мојата работа носи креативност, мечти, идеи, излегување надвор од комфор зоната на нештата. Секој ангажман да се осмисли на различен начин,пристап соодветен, истражување, информирање. Така работата ме мотивира да научам нови работи кој не ми биле познати тоа ми е дополнителна мотивација бидејќи тоа ми носи и искуство и знаење во најразлични области. Маркетингот, рекламирањето, презентирањето, водителството, моделингот, се поврзани со широк дијапазон на професии, сознанија, нови студии, нови информации кој ме инспирираат, поттикнуваат на подобра верзија на самата мене, ме надградуваат затоа што сите соработки, се најразлични, некои се од општествен карактер, некои за убавина, некои за здравје, некои се за подигање на свест, некои се животни, некои се волонтерски, некои се едукативни, некои се хуманитарни, ете баш таа разноликост во мојата професија сретнувајќи се, соработувајќи со најразлични личности од разни сфери, професии ми создава чувство на мотивација, задоволство, среќа.
Така како еден од примерите можам да наведам за моделите на „Bella“, мојата скорешна соработка со нив, носејќи ги нивните нови женствени модели ми ја разубавеа работата, моделите ме мотивираа, ми ја надополнија самодовербата, женственоста, побудија чувства на задоволство, среќа, со еден елан и насмевка со леснотија го сработевме работниот план за тој ден со целиот нивен тим.
Секако огромна позитивна, движечка сила, единствената безусловна љубов, мојот мир, мојата сила, мојата гордост, мојот успех, мојата најубава искрена насмевка, мојот елан ми се моите децата. Но мислам дека прашањево за: Која е мојата мотивација? Се однесуваше за на професионалното поле, за работата отколку која ми е мотивацијата во мајчинството. Невозможно е да не ја споменам мајчинската мотивација која е нераскинлив дел од мојата личност, опис на моето реално секојдневие.
Јакна, блуза и здолниште „Корал“
Моите дневни обврски се состојат во правење план на активности поврзани со мојата работа и нивната реализација и обврските со домот, децата, нивните обврски со училиште, домашните, нивните додатни обврски со курсеви за јазици, со спортување, со прослави, родендени, кино, прошетки, игралиште и други слични активности на реално социјализирано дружење со нивни врсници на децата од соучениците или со нивните другарчиња од дополнителните активности на кој ги посетуваат моите деца.
Вечерта ми завршува со децата,бидејќи во попладнето ги реализирам обврските со децата. Кога ќе завршиме се, си вечераме, гледаме филм или серија, се подготвуваме за утрешниот ден и за спиење. Кога сум на патување повеќе сакам книга, а дома сакам да гледам повеќе филмови или серии.
(*Вера Мештеровиќ- модел)
* Мештеровиќ е облечена во новата Пролетна Ројал колекција на „Bella“