Вагите нема да одолеат на поранешна љубов, Близнаците добиваат добри вести: Неделен хороскоп од 9 до 15 декември

Добивај вести на Viber

Прочитајте што ви предвидуваат ѕвездите

Овен

Неделава е за преглед на вашите цели. Можеби ќе почувствувате желба за промени во деловниот план. Бидете трпеливи и не донесувајте импулсивни одлуки. Љубовните врски можеби бараат дополнително внимание.

Бик

Вашата упорност конечно се исплати на деловен план. Неделава ќе чувствувате задоволство од сработеното. Во љубовта поволен период за искрен разговор. Внимавајте на здравјето, особено на исхраната.

Близнаци

Комуникацијата е клучна оваа недела. Можни се неочекувани вести кои ќе ве мотивираат да ги преиспитате вашите планови. На љубовен план, бидете отворени за компромиси. Можни проблеми со притисокот.

Рак

Неделава е идеална да си посветите време на себе и на вашето семејство. Емоционалните односи се стабилни, но внимавајте да не преземате премногу туѓи проблеми. Внимавајте како разговарате со членовите на семејството бидејќи тие држат многу лутина кон вас.

Лав

Вашата харизма е на врвот! Искористете го за да напредувате на деловниот план. Во љубовта ќе почувствувате страст, но и потреба за поголема слобода. Најдете ја рамнотежата. Обидете се да направите малку повеќе физичка активност за вашето здравје.

Девица

Фокусирајте се на деталите. На работа може да добиете пофалби за вашите напори, но избегнувајте прекумерен перфекционизам. Во љубовта бидете нежни и отворени за потребите на партнерот. Не бидете премногу тврдоглави во односот со партнерот.


Следна страна