Актуелно // Жолта минута
Вака Дарко Лазиќ ја изненади сопругата: Ја облече престилката и влезе во кујната, Катарина воодушевена го снимаше
Поради неа дури и ги промени животните навики, па се посвети на тренинзите и здравата исхрана
Откако ја запозна сегашната сопруга Катарина, Дарко Лазиќ целосно се промени. А колку е заљубен во партнерката, покажува и тоа што постојано мисли на неа и се труди да ѝ угоди.
Така, кога Катарина отишла на тренинг, Дарко влегол во кујната да ја изненади сопругата и да ѝ подготви ручек.
Самата Катарина останала шокирана кога го видела пејачот во кујната, па го зела телефонот за да го сними.
Инаку, познато е дека Дарко е добар во кујната, а своевремено снимаше и видеа додека подготвуваше храна. Неговите пријатели, но и неговата сопруга велат дека подготвува вкусни јадења, па не не чуди што таа се израдувала кога го видела во кујната.
Извор: www.telegraf.rs