Вака Вики Миљковиќ ужива на крстарење: На луксузната јахта има и готвачка, а пејачката „грми“ со својот изглед во костим за капење

Добивај вести на Viber

Пејачката Виолета Вики Миљковиќ со семејството - сопругот Драган Ташковиќ Ташкет и синот Андреј крстари со луксузна јахта, а сега на својот Инстаграм покажа како уживаат.

Имено, таа се потрудила максимално да создаде совршена атмосфера за семејството. Вики сега откри дека ангажирала и готвач кој секојдневно им ги подготвува оброците.

- Добро утро, нашиот Гуркан ни прави палачинки. Појадокот е готов, само момчињата спијат - изјави Вики во видеото кое го сподели на Инстаграм.

View this post on Instagram

A post shared by Viki Miljkovic (@viki_miljkovic)

Инаку, на пејачката и нејзиното семејство на одморот им се придружил и победникот од „Ѕвездите на Гранд“, Хермин Ханџиќ, кој за време на натпреварот беше менториран од Вики.

Вики покажа и како изгледа во костим за капење, а позираше во црн костим за капење на песокот и доби бројни комплименти за својот изглед.

Фото: Инстаграм
Извор: Pink.rs