Вака внесуваме коронавирус во домот: Д-р Мацурс ја посочи клучната грешка што многумина ја прават

Добивај вести на Viber

Вирусот е непредвидлив, па затоа треба да се земат предвид и најмалите детали!

Препораките за заштита од ковид-19, секојдневно ги повторуваатнадлежните, редовно миење на рацете, проветрување на просторијата, носење маски и што е најважно, одржување на физичко растојание со други луѓе.

Сепак, и покрај овие мерки, бројот на новозаразени расте, бидејќи вирусот е сè уште недоволно истражен и непредвидлив.

Поради оваа ситуација д-р Нада Мацура за „Србија Данас“ откри како се заштитува од вирусот.

- Пред сè, морам да кажам дека сум разочарана од однесувањето на луѓето, особено во јавниот превоз. Ако се каже дека во автобусот се влегувана влезната врата а се излегува од средишната или заднатаврата, тогаш нека биде така. Неколку пати налетав на некои луѓе толку директно, бидејќи влегуваа на погрешна врата. Значи, многу е важно да се чува физичко растојание, второ, маската е многу важна - вели лекарката и додава дека луѓето прават грешки и со маските.

- Не можете да користите маска за еднократна употреба неколку пати, нема смисла. Маските треба често да се менуваат, освен ако немате памучна. Во тој случај, мора редовно да ја перете, а се препорачува и да се пеглаат за да бидат целосно дезинфицирани - вели Мацура.

Д-р Нада исто така ја откри рутината што таа ја практикува, а на која многу луѓе не се придржуваат.

- Кога ќе дојдам дома, веднаш ги мијам рацете, редовно ги проветрувам сите простории, но што друго е важно? Луѓето ме прашуваат зошто моите чевли се надвор? Кога започна првиот бран на коронавирусот, еден од советите беше да ги оставите чевлите надвор и да не ги внесувате во станот. Ве молам, тоа е важно, овој вирус е непредвидлив, го има насекаде околу нас. Исто така е важно да се одржува хигиената на целото тело, но и да се одржува чист просторот за живеење и работата - советува д-р Мацура.

Вирусот е насекаде околу нас, а со цел вашиот дом да остане што е можно побезбеден, оставете ги чевлите пред влезот на станот - куќата.


Фото: Srbijadanas

Можеби ќе ве интересира:

Еве колку долго можеме да бидеме во близина на заразен без да добиеме коронавирус