Вакцината за Ковид-19 во Оксфорд може да биде готова во септември

Добивај вести на Viber

И денес добри вести доаѓаат од Велика Британија


Потенцијалната вакцина против Ковид-19, изработена од експерти од Универзитетот во Оксфорд, би можела да биде пуштена во употреба во септември, но сè уште не е сигурно дека тоа всушност ќе се случи.

Според податоците објавени вчера, експерименталната вакцина, лиценцирана од фармацевтската компанија AstraZeneca, кај лицата кои имале примано вакцина кај кои Ковид е во рана фаза започнала да дава имунолошки одговор.

Сепак, за да може да се примени пред крајот на оваа година, треба да се случат три работи, тврди Сара Гилберт, главниот истражувач ангажиран во развојот на таа вакцина.

Во изјавата за Би-Би-Си, Гилберт изјави дека е неопходно да се потврди ефективноста на вакцината во доцните фази на тестирање, а потоа да се произведат доволни количини на вакцината и брзо да се обезбеди одобрување на регулаторните тела за нејзина итна употреба.

Според Ројтерс, желбата на научниците од универзитетот во Оксфорд е да произведат милион дози од нивната вакцина до септември, и иако договорот постигнат со „Астрасенек“ предвидува соодветни производствени капацитети, помалата застапеност на коронавирусот во Велика Британија го отежнува процесот на потврдување на ефективноста на вакцината.

Научниците затоа се потпираат на резултатите од доцната фаза на истражување што е во тек во Бразил и Јужна Африка, а треба да започне наското во САД.


ИМА НАДЕЖ: Откриен протеин кој помага при коронавирусот