Ванг Чонг од Пекинг долета во Крушево за да ги пее песните на Тоше

На последната вечер од манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ настапи Ванг Чонг од Пекинг. Момчето кое е голем вљубеник во ликот и делото на Тоше Проески на градскиот плоштад отпеа дел од репертоарот на легендарниот пејач.


-Го поканивме на настанот бидејќи многу ја сака Македонија, го учи македонскиот јазик и особено го почитува делото на нашиот Тоше Проески. На плоштадот во Крушево ни приреди одлична забава. Среќни сме што му ја исполнивме големата желба. Да го посети Крушево и да ги отпее песните на неговиот идол – ни изјавија од општина Крушево.


Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ вчера фицијално беше затворена со спуштање на Бајракот на слободата и почесна стрелба од страна на гардата од АРМ.


Беше испратена и пораката „Наша обврска е да продложиме по патот и идеалите на илинденците, за наше слободно и напредно Крушево!Крушево кое се гради и развива!Вечна им слава на паднатите борци и сите кои дадоа свој придонес, ги дадоа животите за се она што ние денес го живееме.

С.А.Н