Вапцање велигденски јајца со свила: Заборавете на вештачките бои, оваа техника дава уникатни шари (ВИДЕО)
Вапцањето
јајца со свила е сѐ попопуларна техника, а резултатот ќе ве воодушеви.
Како што се приближува Велики четврток, време е да планирате како сакате да изгледаат вашите велигденски јајца. Доколку сакате да имате уникатни дезени, ви предлагаме да пробате вапцање со свила.
За оваа техника можете да користите стари вратоврски, шалови или било која шарена свилена ткаенина.
Потребно ви е:
-јајца
-шарена свилена ткаенина
-ластичиња
-оцет
-памучни тенки ткаенини
Начин на подготовка:
Исечете ја ткаенината на правоаголници за да можете убаво да го завиткате целото јајце. Врзете цврсто со ластик одозгора, а потоа завиткајте ги во памучни ткаенини. Во тенџерето наредете ги јајцата. Истурете вода, додадете две лажици оцет и варете на умерен оган додека водата не зоврие. Кога ќе зоврие, варете уште 10 минути, па тргнете го тенџерето од шпоретот. Оставете ги во тава со вода додека не се изладат. После тоа, нежно одвиткајте ги и наредете ги во корпа. Доколку сакате да имаат висок сјај, можете да ги премачкате со малку масло.
Фото и Видео: Youtube