Важно е да ја откитите елката до овој датум: Ако сè уште не сте, побрзајте

Новогодишната еуфорија полека опаѓа, а време е да ги отстраните украсите од вашиот дом

Дали сте од оние луѓе кои со нетрпение ја очекуваат секоја Нова година и потоа внимателно ги ставаат украсите на нивно место. Кога ќе завршат празниците, со тешко срце откитувате, чекајќи прилика повторно да го украсите вашиот дом...

Дури и ако ви е тешко да се разделите со божиќните украси по празниците, треба да одвоите неколку часа за да го вратите домот во нормала.

Можеби на почетокот ќе ви биде чудно, но многу брзо ќе се навикнете, а потоа кога ќе дојде некоја од следните прилики, тие украси ќе ве чекаат уредно подготвени за следната празнична сезона.

Некои домаќинки веќе ги исчистија дневните соби, а ако сѐ уште не сте го направиле тоа, погледнете до кога мора да ја откитите елката.

Според толкувањата на старите кинески мудреци, многумина ја украсуваат елката на крајот на ноември или на почетокот на декември и ја оставаат така речиси два месеци, што е сосема доволно време да се акумулира многу прашина на гранките и украсите, а не е лесно да се исчистат.

Затоа некои го оставаат украсувањето за последните денови од декември, непосредно пред Нова година.

Според непишаното правило 12 дена по Божиќ, односно до 18 јануари треба да се отстранат сите новогодишни украси.

Фенг шуи вели дека сè што ја „завршило“ својата работа треба да се отстрани од куќата.

Ист е случајот и со новогодишното украсување - припаѓа на новогодишните празници, кои веќе поминаа.

Кога да се откити елката според фенг шуи?

Ако не ги отстраните според ова толкување - останувате во минатото. Треба да се размислува за иднината, за времето што доаѓа, а тоа е пролетта, е правило предвидено од фенг шуи.

Извор: glossy.espreso.co.rs