Vegeta - најпродаваниот дехидриран додаток во јадења во Европа

Добивај вести на Viber

Пристигна и официјалната потврда од панелот за трговија на Nielsen*: Vegeta е најпродаваниот дехидриран додаток војадења во Европа! 
Повеќе од шест децении, колку што постои, Vegeta ги зачини и инспирираше многу јадења, па така ги освои срцата во најразлични делови на светот, претежно во Европа. Скенирањето на трговскиот панел е извршено дури на 31 пазар во Европа, во периодот од август 2019 година, па заклучно со јули 2020 година: Vegeta е на првото место според обемот на продажбата во категоријата дехидрирани додатоци за јадења.

Под брендот Vegeta, кој беше прогласен за најпродаван, се вбројуваат производите: дехидрирани универзални додатоци за јадења Vegeta Original и Vegeta Natur, како и дехидрирани специјални додатоци за јадења Vegeta Natur.

Од самите почетоци, Vegeta беше добро прифатена и веќе по осум години од нејзиното пронаоѓање, првите договори се потпишани со странски партнери, во време кога тоа не беше баш наједноставно. Првите земји кои, покрај домашниот пазар, добија можност да уживаат во Vegeta беа Унгарија и Русија. Во текот на седумдесеттите години од минатиот век, побарувачката за Vegeta растеше и започна да се шири низ цела Европа, па така Vegeta можеше да се најде на пазарите во Австрија, Шведска, потоа Западна Германија и Чехословачка.

Дел од успехот на Vegeta е во постојаната модернизација, следење и диктирање на најновите трендови, без разлика дали станува збор за дизајн, пакување или нов производ. Vegeta постојано внесува иновации во својот асортиман на производи, а со својот квалитет, рецепти и препознатливост се истакнува на пазарот на додатоци во јадења, но и пошироко од тоа. Vegeta ги освојува срцата на своите корисници и ги слуша нивните потреби и преференции во исхраната, се прилагодува на барањата на индивидуалните национални кујни и ги следи најновите нутриционистички трендови, а тоа повеќе од 60 години и носи успех, препознатливост, а со тоа и награди и признанија.

*Наведеното тврдење се темели врз податоците на Nielsen од трговскиот панел во кој учествуваа 31 земја (Австрија, Белорусија, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Чешка, Данска, Естонија, Франција, Грција, Хрватска, Ирска, Италија, Латвија, Литванија, Холандија, Норвешка, Германија, Унгарија, Полска, Португалија, Романија, Русија, Северна Македонија, Словачка, Словенија, Србија, Шпанија, Шведска, Швајцарија и Украина), според кои „Vegeta“ е водечкатрговска марка според количинската продажба во категоријата дехидрирани (суви) додатоци за јадења во периодот август 2019 година - јули 2020 година © авторски права © 2020, The Nielsen Company).“


ПР-објава